Вучиќ: Во Србија нема да се случи „македонско сценарио“

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по денешниот безбедносен самит со претставници на африканските земји.

„Јасно ви е колку е важен овој самит за нас. Африка е најбрзо растечки континент. Ние негуваме традиционално пријателство кон африканските народи, тука нема расизам“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека е задоволен од средбата, и дека се надева оти претставниците на Африка во Србија ќе се чувствуваат како дома.

– Гледам дека Курти организира демонстрации пред Кронехала, за да се знае кој го штити меѓународното право, додаде Вучиќ.

„Србија е сериозна земја, затоа никого не обвинивме по експлозијата на каналот Ибар-Лепенац. Она што е неспорно е дека Белград и Србија немаат никаква врска со ова“, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека е важно да се продолжи истрагата и да се види кој стои зад сето ова.

„Нема никого да молам за ништо. Србија е втора земја по стапка на раст во Европа. За нас е важно во петок да го добијам знамето Експо кое ќе го гушнам и чувам, а кое ќе предадена на новиот претседател за две години и неколку месеци“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјавил дека видел видеа од Грузија, каде 7-годишно дете пука во полицијата.

„Кој го објави, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и Телеграм каналите. Зошто некој се фали со учество на 7-годишно момче. Мислите дека е генијално што ги обоија бехатон плочите што нема да можат да се исчистат. Најдете снимки од 2016 година, точно e истото сценарио во Северна Македонија. Токму на ист начин го бојадисаа и главниот плоштад во Скопје. Шефот и спонзорот секогаш беа исти, а жртви беа народите над кои правеа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете сигурни“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Вучиќ: Разговорот со Трамп е голема чест и успех за Србија

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ