Со акционен план за спроведување на Националната стратегија за борба против корупција, според зборовите на Александар Вучиќ, ќе се воведе јасна процедура во борбата за сите видови на корупција.
-Ќе се воведе јасен процес за следење на сите приходи на јавните функционери, ќе се воспостави систем кој ќе го избегнува судирот на интереси, како и систем за контрола на нивната работа-изјави првиот потпретседател на владата на Србија.
Тој додаде и дека постои и систем на контрола за спроведување на планот, така што во секој момент ќе се знае кој што треба да направи и во кој рок.
Освен успех во борбата против политичката корупција, овој акциски план, треба да овозможи и создавање услови за функционирање на ефикасно и независно правосудство.
Елена Георгиевска