Вучиќ: Ќе ја зачуваме стабилноста – мојот збор значи повеќе од многу потписи во регионот и Европа

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска по средбата со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Белград изјави дека разговорот бил отворен и искрен од двете страни, без ракавици и порачал дека Србија ќе ја зачува стабилноста во регионот и дека неговиот збор значи повеќе од многу потписи во регионот и во Европа.

„Разговаравме за стабилноста во регионот и потребата да имаме различни ставови, особено во однос на Косово. Се согласуваме дека стабилноста и мирот се од клучно значење, не само за луѓето од Западен Балкан, туку и за да речеме, во цела Европа и дека никој не е во интерес на каква било ескалација и нестабилност“, рече Вучиќ во обраќањето на заедничката конференција со Писториус.

Вучиќ истакна дека е точно оти, како што рече Писториус, дал збор дека Србија нема да изненади никого со своите воени или какви било други потези, но ќе ја зачува стабилноста.

„И мојот збор, патем, значи многу повеќе од многуте потписи што ги видов и во регионот и во Европа. Тоа е од наш голем и огромен интерес“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Вучиќ: Ќе му честитам на кого сакам, не сум никому слуга

Горан Наумовски