Српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ потврди дека ќе има реконструкција на Владата на Србија, но негираше дека тој ќе го замени Ивица Дачиќ на премиерската функција.
– Доколку сме незадоволни од работата на премиерот ќе одиме на нови избори. Сега не сме незадоволни, истакна Вучиќ на прес-конференција.
Тој нагласи дека Извршниот одбор на неховата Српска напредна партија (СНС) на седница, која ќе се одржи по 2 април, ќе ги разгледа прашањата за реконструкција на Владата.
Запрашан дали ќе го замени Дачиќ на премиерската функција, Вучиќ одговори: „Тоа нема да се случи“.