Српскиот премиер Александар Вучиќ на средба со кинескиот колега Ли Кецијан денеска во Белград изјави дека граѓаните на Србија гледаат на Кина како на искрен пријател, како и дека Кина може да смета на Србија како на сигурен и одговорен партнер, пренесува Танјуг.
Вучиќ изрази задоволство дека е домаќин на еден од најмоќните лидер во светот, и дека има широк простор за развој на билатералната соработка.
– Очекуваме да привлечеме што е можно повеќе кинески компании да инвестираат во Србија, бидејќи од тука може да се поврзат со пазар од речиси една милијарда луѓе, со кои имаме слободна трговска размена, изјави Вучиќ, алудирајќи на пазарот на ЕУ, Русија, Белорусија, Казахстан и Турција.
Вучиќ нагласи дека на средбата присуствуваат сите министри од српската Влада, што покажува колку е важна посетата на кинеската делегација и колку многу Србија ја почитува Кина.
Ли Кецијан ја поздрави Србија за успешната организација на самитот на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, нагласувајќи дека Србија и Кина во изминатите години постигнале добри резултати при реализирање на заеднички проекти.