ВИДЕО: Вучиќ го претстави новото српско оружје

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Војската на Србија продолжува да ги зајакнува своите капацитети, а дополнителен придонес во одбраната, според него, ќе има повторното воведување на задолжителниот воен рок, кој треба да започне во март 2027 година.

Изјавата ја даде за време на презентацијата на нови и модернизирани средства на Војската на Србија на воениот аеродром во Батајница, во близина на Белград.

 

„Нашата војска е сè посилна, а ќе биде уште посилна кога ќе започне воениот рок. Тоа дополнително ќе ги зајакне нашите одбранбени капацитети“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека првите регрути ќе започнат со служење на краткиот воен рок во март 2027 година, оценувајќи дека тоа ќе придонесе за поголема одговорност, дисциплина и посериозен однос кон животот кај младите.

На воената презентација беше прикажан и кинескиот противвоздушен ракетен систем HQ-17, кој е наменет за заштита на помали објекти и воени единици. Вучиќ рече дека системот, како дел од повеќеслојната противвоздушна одбрана, ќе ги штити Ниш и Крагуевац, како и важната енергетска инфраструктура.

Тој посочи дека Србија располага со ракети од кинеско, руско и француско производство и најави дека нивниот број во иднина ќе се зголемува.

На настанот беше претставен и модернизираниот јуришен авион „Орао“ М1А, опремен со наведувани бомби и ракети, како и новата српска ракета воздух-земја VRVZ-200 со дострел од 30 до 40 километри. Покрај тоа, беа изложени и американската ракета AGM-65 Maverick и борбениот хеликоптер Ми-35М, кој е дел од арсеналот на Војската на Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студенти од Србија нападнати во Вишеград: Непожелни се во Република Српска

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Вучиќ со Лавров во Њујорк: „До крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Русија“

Цвијановиќ по средбата со Сузи Вајлс: „Пред нас дефинитивно е подобро време“

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата