Вучиќ го обвини ОБСЕ за инволвираност во медиумската кампања против него

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ ја обвини Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) дека е инволвирана во медиумската кампања против него, јави ДПА.

– Сето она што заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Србија, Паула Тиеде, го прави е да изврши притисок врз медиумите да водат кампањи против мене, рече Вучиќ на прес-конференцијата пред неговата денешна посета на Германија.

Тој уште рече дека има докази оти „многумина од меѓународната заедница, вклучувајќи и некои амбасадори“ се дел од кампањата против него, но не даде повеќе детали за тврдењето.

Пред една недела Вучиќ побара извинување од ОБСЕ во врска со изразените стравувања на претставникот на Организацијата за цензура во српските медиуми, заради хакерски напади врз сајтовите кои ги критикуваат властите, заради нивните активности за време на поплавите во Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ