Вучиќ: Барозо своите забелешки ги изнесе на пријатен начин

Од:

Ние знаеме каде не ја завршивме нашата работа како што треба, а Барозо своите забелешки ги изнесе на пријатен начин, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.

Вучиќ посочи и дека пред Србија се безброј обврски, пред се економските реформи.

– Србија е сериозно и длабоко посветена на работата која не само ќе ја одржи на ервропскиот пат, туку ќе ја приближи до полноправно членство во Европската унија, наведе Вучиќ.

Барозо наведе дека преговорите за пристапот на Србија во ЕУ добро се одвиваат, додавајќи оти ако првите поглавија бидат отворени во втората половина од годината тоа би бил „добар резултат“.

Тој посочи дека најверојатно во октомври ќе се отвори 32 поглавие за контрола на јавните финансии, додека во првата половина од 2015 година ќе се отвори поглавие 23 за судството и основните права и поглавието 24 за правда, слобода и безбедност.

– Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово останува од клучно значење, а српските власти се свесни дека напредокот во владеењето на правото и почитувањето на основните права ќе биде одлучувачки фактор за пристапниот процес да напредува со стабилно темпо, наведе Барозо.

Барозо ќе се сретне и со српскиот претседател Томислав Николиќи и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда