Вучиќ бара итна истрага за поплавите

Од:

По наредба на српскиот премиер Александар Вучиќ наложено е спроведување на итна истрага што во најкраток рок ќе даде одговор на прашањето дали во поплавите можело да се реагира побрзо и подобро, пишува весникот Наше новине.

Весникот, повикувајќи се на извори од владата на Србија, наведува дека истрагата најмногу ќе се однесува на Обреновац, како и дека ќе бидат проверени сите обвиненија упатени кон претседателот на општината Мирослав Чучковиќ.

– Наредена е целосна истрага со цел да не остане ниту најмал сомнеж. Едноставно се работи за премногу важни работи и голема штета, првенствено на загубени човечки животи, за било што да остане неразјаснето, нагласува владиниот извор за весникот „Наше новине“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ