Врз основа на договорот меѓу Албанија и САД, во Тирана пристигна и втората група ирански муџахедини, јави дописникот на МИА од Тирана.
Првата група ја сочинуваа 14 муџахедини втората ја сочинуваат 30 луѓе. Тие пристигнаа на аеродромот „Мајка Тереза“ и беа пречекани под силно полициско безбедување по што беа транспортирани во центарот за азил „Бабру“.
Според официјалното соопштение на албанското Министертвото за внатрешни работи, сите доаѓаат од кампот „Ашраф“ во Ирак.
– Доаѓањето на втората група е во рамките на спроведувањето на програмата за згрижување на оваа категорија лица, кои уживаат статус на азиланти. Тие во Албанија доаѓаат преку УНИЦЕФ, како одговор на барањето на Владата на САД, која го набљудува кампот „Ашраф“ во Ирак, се наведува во соопштенето на МВР.
Според договорот во Албанија треба да пристигнат вкупно 210 ирански муџахедини. Првата група, која пристигна на шести мај, веќе се прилагодува на животот тука и веќе следи курс за изучување на албанскиот јазик.