Времена забрана за увоз на живина од околината на Бургас

Од:

Времена забрана за увоз и транзит на живина и диви птици, како и производи и нуспроизводи од живина и диви птици, вклучително и јајца од регионот на Бургас, Бугариjа, воведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Целта на забраната е да се спречи евентуално пренесување на високо патогената авијарна инфлуенца во Македонија.

Бугарските ветеринарни власти завчера информираа за појава на птичји грип H5N1 во регионот на Бургас, а болеста вчера беше и официјално потврдена од Европската комисија.

Според АХВ, останува на сила забраната за увоз од Германија (зона под надзор во радиус од 30 километри од градот Анклам, во регионот Land Mecklenburg-Western Pomerania), додека, поради непријавени нови жаришта, од листата на забранети земји за увоз симнати се Велика Британија, Холандија и Италија.

Заради континуирано присуство на птичји грип, земјите од Африка и Азија подолго време се на листата забранети за увоз.

Поради појавата на оваа болест во соседството, пак, Агенцијата за храна даде насоки на официјалните ветеринари и ветеринарните друштва за следење на состојбата, како и препораки за задолжително земање мостри од угинати птици за лабораториско испитување. До одгледувачите на живина се, исто така, пратени препораки за биосигурносни мерки што треба да преземат, но и апел за задолжително пријавување на евентуално угината живина на фармите.

До подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство, на бесплатната телефонска линија на Агенцијата 0800 – 3- 22 -22, како и до ветеринарните станици, граѓаните можат да пријават евентуално угинување на диви птици.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ