Вознемиреност во Прешево, се одлучува за споменикот на ОВПМБ

Од:

Претседателот на општината Прешево, Рагми Мустафа изјави дека на заедничката седница на сите албански советници на општината на југот на Србија на која се одлучува за споменикот на ОВПМБ, се повикани и странските амбасадори.

Мустафа кажа дека не знае кој од странските амбасадори ќе дојде и ќе присуствува на седницата.

Тема на седницата која е закажана за 12. јануари е споменикот на загинатите припадници на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе (ОВПМБ) кој е поставен во Прешево на 16. октомври 2012. година, а за кој државниот врв упати ултиматум да се отстрани.

„Во Прешево владее голема вознемиреност поради директната закана од страна на премиерот и претседателот на Србија дека споменикот на загинатите припадници на ОВПМБ ќе биде на сила отстранет од плоштадот. Не е сеисто кога ви се заканува обичен граѓани, а не премиер или претседател“, рече Мустафа.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ им даде рок на албанските локални власти во Прешево до 17. јануари сами да го отстранат споменикот или тоа ќе биде направено со сила, додека претседателот Томислав Николиќ повика да биде урнат и тоа сред бел ден.

И двајцата рекоа дека никаква интервенција од страна на меѓународната заедница нема да помогне споменикот да биде отстранет зашто тој изразува непочитување на српската држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија