Возач на автобус не сакал да појде додека некој не и ослободи место на бремена жена

Од:

Социјалните мрежи денеска ги преплави приказната за возач на автобус во Србија, кој не сакал да појде се додека некој од патниците не и го отстапи своето место за седење на една бремена жена.

Настанот се случил на линијата број 31 на една автобуска постојка во Белград. Како што јави „Блиц“, во автобусот била и новинарката Сузана Трниниќ, која приказната ја споделила преку Твитер.

– Возачот во автобусот 31 не сакаше да продолжи да вози се додека не стане некој од патниците за да ослободи место на една бремена жена. Цар! Му честитав, напиша Трниниќ на Твитер.

Приказната наскоро се прошири на социјалните мрежи и додека од сите страни доаѓаат пофалби за возачот, се поставува прашањето дали вакво нешто треба да биде нормално и вообичаено, а не исклучок како што е овој. Како и да е, сите пофалби за возачот, наведува „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ