Вонредна состојба во делови на Хрватска и БиХ поради поројните дождови

Од:

Во Хрватска, БиХ и Словенија поради обилните дождови расте водостојот на повеќе реки, а поради опасноста од поплави во некои делови е прогласена и вонредна состојба, јави Танјуг.

Во централниот дел на Хрватска, во Карловац, денеска е прогласена вонредна состојба поради високиот водостој на реките Корана и Купа, како и во Цазин во Унско-санскиот кантон на БиХ, каде расте водостојот на Уна и Сана.

Во Цазин вчера е прогласена вонредна состојба и локалните жители велат дека досега не паметат вакви поплави.

Поројни дождови донесоа поплавите и на подрачјето на Бихаќ, а водите донесоа големи проблеми на жителите на населните Трнови, Томина и Нова Населба, на подрачјето на Сански мост, додека посебно загрижува константниот раст на реката Сана, соопштено е од Цивилната заштита на Унско-санскиот кантон.

Водостојот на реките во Словенија почна да расте о централните и источните делови отако синоќа наврнаа 30 до 80 литри на метар квадратен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил