Војводина лани од туризам инкасирала 200 милиони долари

Од:

Војводина во 2014 година остварила девизен прилив од туризмот од 200 милиони и 670 илјади долари што е за речиси 30 отсто повеќе во однос на 2013 година, соопштија покраинските власти, јави Танјуг.

Според податоците на Републичкиот завод за статистика, во 2014 година во Војводина престојувале 370.000 туристи што е за седум отсто повеќе во однос на 2013 година.

За 11 отсто е зголемен бројот на странски и за четири отсто бројот на домашни туристи кои оствариле повеќе од 900.000 ноќевања.

Две дестинации – Нови Сад и Суботица оствариле најмногу ноќевања – што се толкува со голем број различни саемски и стопански манифестации како и фестивали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници