Во Заечар од денеска е бесплатен престојот во градинките и услугите ќе ги користат околу илјада деца, јави Танјуг.
Заечар е единствениот град во Србија каде децата ќе може да ги користат услугите на претшколската установа без никаков надомест. Средствата ќе се обезбедат од градскиот буџет.
Досега цената за престој во тој град беше најниска во Србија.