Во Виена приведен црногорски нарко бос

Од:

Австриската полиција денеска соопшти дека на територија на Австрија е уапсен црнгорскиот нарко бос Сафет Калиќ.

Портпаролот на криминалистичката служба Марио Хејл изјави дека осомничениот е уапсен и дека акцијата е спроведена вчера попладне околу 15.00 часот во Виена.

Според него, Калиќ, по кого е распишана меѓународна потерница, не пружил отпор при апсењето.

Полицијата не соопшти други детали за апсењето, нагласувајќи дека за понатамошната постапка по овој случај ќе решава виенското Обвинителство.

Против Клаиќ, кој е во бегство од 2011 година, е покрената постапка поради сомнеж за прење пари во износ од 7,7 милиони евра. Се претпоставува дека парите потекнуваат од продажба на наркотични средства во Германија во периодот од 2005 до 2011 година.

Би можело да ве интересира

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски