Во Валона зпленети 400 килограми марихуана

Од:

Полицијата од албанскиот приморски град Валона, во утринските часови кај местото Перивол, во близина на познатото летувалиште Дерми, запленила голема количина марихуана.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана запленети се 400 килограми марихуана, која била откриена при контрола на чамец подготвен да отплови во правец на италијаскиот брег. Идентитетот на притворенито не се открива во интетрес на истрагата, бидејќи полицијата се сомнева дека станува збор за меѓународна наркогрупа.

Ова е последователна успешна акција на албанската полиција, која деновиве спречи шверц на 500 килограми албанска марихуана намената за грчкиот наркопазар.

Во изминатите денови полицијата има запленето уште околу 200 килограми марихуана во неколку одделни акции. Според полициската статистика, само лани албанската полиција запленила околу 25 тони мархуана, додека од почетокот на годинава околутри тони.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда