Во Урошевац е уапсен Е.С. (59) поради сомнение дека избодел четири лица на улица. Меѓу повредените има и двајца малолетници, од кои едното 10-годишно девојче.
Девојчето е во животна опасност, изјави директорот на Ургентната клиника Насер Сила.
Како што информираа од полицијата, немилиот настан се случил вчера околу 15.40 часот на улиците „Енвер Топалија“, „Халима Спахија“ и „Ејупа Статовца“.
„Повеќе полициски екипи, меѓу кои и Единицата за брз одговор, веднаш по кривичното дело започнале потрага по осомничениот. По интензивна потрага, успеале да го уапсат осомничениот во улицата „Риза Матоши“, во близина на „Плус маркет“, соопштија од полицијата.
Во меѓувреме, градоначалникот на општина Урошевац, Агим Алиу, упати честитки до полицијата за брзата и професионална реакција која, според него, спречи ширење на криминалот.