Две сестри паднаа од зграда во Урошевац, една почина

Од:

Косовската полиција соопшти дека вчера во Урошевац две девојчиња паднаа од зграда.

Канун Весељи, портпаролот на полицијата за регионот Урошевац, изјави дека една од нив се обидела да скокне од зградата, додека нејзината сестра се обидела да ја спаси, кога и двете паднале.

15-годишно девојче загина, а 18-годишно девојче е тешко повредено по пад од четврти кат од станбена зграда во улицата „Сандер Проси“ во Урошевац.

Весељи потврди дека прво биле испратени во Ургентниот центар во Урошевац, а потоа во тешка здравствена состојба се упатени во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина.

Од повредите починала З.М.(15), а со повреди се здобила А.М. (18).

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин пронајден мртов во мотел во Урошевац

Горан Наумовски