Турските цариниците заплениле околу 51 килограми хероин,откриен при рутинска контрола во возило што пренесувало стока за извоз.
Возилото со албански регистарски таблички, било подложено на контрола и од куче трагач на дрога. Спред турската агениција Анадолија, на која се повикуваат албанските медиуми, дрогата била скриена во возило со албански регистерски таблички меѓу чешми и друг санитарен материјал.
По барање на Обвинителството стоката и возилото се запленети како доказен материјал,а приведени се и пет лица, главно абански државјани, кои заработиле кривична пријава за недозоволена трговија со дрога.