Во Турција за два месеци приведени над 600 дилери на дрога

Од:

Одделението за борба со наркотиците на турската полиција привела 610 осомничени дилери за 72 денови. Одделението е формирано во декември во рамките на владиниот план против трговијата и распространувањето на дрога.

Од 11 декември до 20 февруари биле изведени вкупно 202 операции, при што се приведени 610 осомничени дилери, а повеќе од 180 од нив се во притвор.

Во рамките на полициската акција одземени се над шест килограми хероин, приближно два килограми кокаин, 60 килограми марихуана, над 28.000 таблети екстази, 19 килограми синтетичка дрога, оружје, муниција и 102.000 турски лири (околу 36.300 евра), 12.265 евра и 670 долари.

Преземени биле и 89 операции против меѓународни наркобанди, при што се затворени 202 лица од вкупно 315 приведени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ