Во Турција уапсени 12 осомничени членови на ИД

Од:

Турската полиција утрово спроведе операција против осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава во четири окрузи – Анкара, Истанбул, Хатај и Караккале.

Извршени се претреси на различни локации и приведени се вкупно 12 лица. Полицијата трага по уште четири лица.

Приведените се испратени на распит во полициското одделение за борба против тероризмот во Анкара.

Турските власти вчера соопштија дека привеле 23 странски државјани, меѓу кои жени и деца, кои се обиделе да влезат во Сирија и да им се придружат на борците на ИД. Приведените се државјани на Кина, на Индонезија, на Русија и на Украина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ