Во Турција уапсен Халис Ханчи – „десната рака“ на Фетулах Ѓулен

Од:

Во Турција е уапсен клучниот соработник на Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кој турските власти го обвинија за обидот за пуч, сооопшти денеска претстваник на турското претседателство.

Халис Ханчи, кој важи за „десната рака“ на Ѓулен, е уапсен, јавија британските медиуми.
Како што наведува турскиот претставник од канцеларијата на претседателот Ередоган, Ханчи во Турција влегол два дена пред обидот за пуч, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска турските државни медиуми јавија дека турските власти го уапсиле и внукот на муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен во врска со пропаднатиот обид за воен удар на 15 јули.

Медиумите наведуваат дека Мухамет Саит Ѓулен е уапсен во Ерзурум, на исток од земјата, и дека ќе биде  спроведен во Анкара и потсетуваат дека неговиот постар роднина е обвинет дека бил мозокот на пучот што наводно се обидел да го изведе со помош на припадниците на своето движење.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ