Турските погранични служби во само еден ден привеле вкупно 547 илегални имигранти, кои преку територијата на Турција сакале за заминат кон западна Европа.
Како што јави БТА, најголем број од имигрантите или 472 биле приведени на турската граница со Сирија.
Вкупно 49 имигранти, по потекло од Сирија, биле откриени во реонот на турско-бугарската граница, а уште 16 други близу граничната линија на Турција со Грција.
Во исто време, граничната полиција на турско-сириската запленила и 1.500 пакети со цигари, мобилни телефони, лекови, како и крупен и ситен добиток.