Во Турција приведени 126 илегални имигранти

Од:

Турските власти денеска приведоа 126 илегални имигранти во округот Едрине во северозападна Турција, додека сеобидувале да ја поминат границата со Грција, објави „Хуриет Дејли Њуз“.

Приведените имигранти се од Мјанмар, Сирија, Авганистан, Бангладеш, Пакистан и палестинските територии.

Во исто време, 82 илегални имигранти од Сирија и Авганистан, меѓу кои има и жени и деца, се приведени од турската крајбрежна стража во Егејско Море. Тие со два чамца се обидувале да стигнат до грчкиот осторв Кос.

Еден од чамците, на кој имало 37 илегални имигранти тонел, но бил забележан од рибари. Имигрантите се одведени во Бодрум.

Во Бодрум е притворен еден Сириец обвинет за смртта на осум илегални имигранти на 16 март. Тие загинаа кога чамецот со кој се превезувале 16 имигранти потона во близина на Бодрум. Осум имигранти беа спасени од турската крајбережна стража.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ