Во Турција претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа официјално објави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај.

Изборите се сметаат за тест за Ердоган, кој е на власт 20 години: тој беше избран за премиер во 2003 година, а претседател е од 2014 година.

Ердоган се кандидира за трет мандат, за кој опозицијата тврди дека е неуставен. За претседател првпат беше избран во 2014 година, а реизбран во 2018 година. Трета кандидатура се предвидува само доколку Парламентот изнуди предвремени избори.

Поддржувачите на Ердоган тврдат дека тој е избран во 2018 година за прв претседател во новиот претседателски систем по големите уставни измени. Според тоа, неговиот претходен мандат не се смета.

Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите две децении.

Владејачката АКП сè уште е најсилната турска партија и најверојатно ќе остане значајна сила во Парламентот, но анкетите покажуваат дека Ердоган имал помал рејтинг од некои потенцијални предизвикувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски