Во Турција прераспоредени уште 5.000 полицајци

Од:

Главната управа на турската полиција денеска нареди 5.000 полицајци, од кои 440 полициски началници, да бидат прераспоредени, јави „Хуриет дејли њуз“.

Голем дел од полицајците учествувале во антикорупциските истраги преземени на 17 и 23 декември 2013 година, при што беа обвинети лица блиски до турската Влада.

Прераспоредувањето на полицајците уследи откако претходно голем број високи полициски службаници беа принудени да се пензионираат.

Во меѓувреме 2.200 полицајци се рапосредени во низа државни институции и министерства.

Се очекува годинава да бидат прераспоредени уште 25.000 полицајци.

На сегашното прераспоредување на полицајците предходеа дискусиите во турскиот Парламент за усвоениот спорен Закон за внатрешна безбедност.

Поголемиот број пензионирани и прераспоредени полицајци се поврзани со „паралелната држава“ на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ