Во Србија приведени осум лица поради злоупотреби во „Галеника“

Од:

Припадници на Управата за криминалистичка полиција утрово приведоа осум лица, меѓу нив и поранешниот претседател на Управниот одбор на „Галеника“ Дејан Бацковиќ, поради сомнение дека учествувале во малверзации со што ја оштетиле компанијата за 75 милиони евра, јави Танјуг.

dejan-backovic_f

Акцијата на Управата на криминалистичката полиција е спроведена утрово, во соработка со даночната полиција и Обвинителството за организиран криминал.

Полицијата и обвинителството во текот на едногодишната истрага открија дека имало злоупотреби на службената положба при продажбата на лекови и потпишување договор со компанијата „Велефарм“, чија имотна корист била 75 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ