Вишиот суд во Белград определи притвор од 30 дена на тројца осомничени, кои преку социјалните мрежи на Интернет внесувале паника за време на вонредната ситуација со објавување невистините податоци за бројот на згаинатите во поплавите, јави Танјуг.
Осомничените се обвинети за ширење паника и безредија, за што е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.