Во Србија е објавен крај на епидемијата од Западнонилската треска, од која починаа 32 лице, изјави директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Драган Делиќ.
Тој наведе дека во Белград за два месеца биле регистрирани 180 пациенти од кои 21 починале.
Според српското Министерство за здраство 238 луѓе заболеле од Западнонилска треска, додека сите починати биле над 50 години и имале хронични болести.