Во Словенија уапсен убиецот од Меѓумурје

Од:

Јосип Оршуш (40), кој во четвртокот застрела две жени во Хрватска, убивајќи една од нив, е уапсен во Словенија, соопшти тамошната полиција.

Полициската управа – Меѓумурје доби информации од словенечките колеги дека Оршуш е пронајден и уапсен во областа Бистрица. Апсењето е извршено врз основа на европска потерница, а осомничениот ќе биде предаден на полициските службеници на Меѓумурската жупанија.

Според словенечките медиуми, Оршуш е уапсен во општина Чреншовци, а при апсењето тој имаше со себе пушка, пиштол и нож.

Сепак, велат дека не се спротивстави на апсењето.

Тој моментно е под надзор во Полициската управа – Мурска Собота. Граѓаните го препознаа врз основа на фотографија и пријавија во полиција.

Против Оршуш претходно е поднесена кривична пријава до Окружното државно обвинителство во Вараждин поради сомнение дека изврши тешко убиство на една жена (28) и обид за тешко убиство на друга (29).

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски