Во Сараево: Горан ја масакрирал сопругата, во злосторството му помогнала мајка му

Од:

Горан Р., кој е осомничен за убиството на сопругата Нермина Р., се бранел со молчење во полицијата на кантонот Сараево, пренесува „Аваз“.

Тој синоќа заедно со неговата мајка и братучед кои се осомничени за ова кривично дело е предаден на Обвинителството.

Според информациите на „Аваз“ денеска, откако обвинителот ќе ги испита, за сите три лица ќе биде предложен едномесечен притвор.

И додека се уште се утврдува точниот мотив за убиството на несреќната жена чие тело со денови се наоѓало во станот, „Аваз“ пишува дека станува збор за брутално злосторство на кое високите полицајци и обвинители долго време не се сеќаваат.

Имено, тие наведуваат дека „Горан ја масакрирал својата сопруга Нермина“. Според „Аваз“, полицајците кои дошле на местото биле шокирани кога го пронашле нејзиното тело кое било речиси непрепознатливо.

Наводно, по злосторството, Горан на социјалните мрежи објавувал љубовни статуси во кои пишувал за љубовта, и тоа се додека телото на жената било во станот. Тој објави повеќе заеднички фотографии.

Во стан на седмиот кат во сараевската населба Пофалиќи била пронајдена Нермина Р. За нејзиното убиство осомничени се нејзиниот сопруг Горан Р., свекрвата Л.Р., и братучедот Љ.Ј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски