Во Романија расте бројот на жаришта на африканска свинска треска

Од:

Во Романија оваа недела се регистрирани вкупно 272 жаришта на африканска свинска треска, а во периодот меѓу 11 и 17 јуни бројот на жариштата се зголемил за десет, соопштија властите во земјата.

Според податоците објавени денеска од Националната управа за ветеринарство и безбедност на храна, африканската свинска треска се шири на 150 места во 24 реони во Романија.

Пет жаришта се наоѓаат на комерцијални фарми, додека во 16 области болеста е регистрирана само кај диви свињи, јавува новинската агенција Агерпрес.

Исто така, во набљудуваниот период, уништени се седум жаришта – шест во округот Телеорман и еден во Брашов.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген