Во пожарот на грчкиот остров Тасос вклучени 185 пожарникари со 15 пешадиски тима

Од:

Противпожарните сили што од синоќа интервенираат во гаснењето на пожарот во источниот дел на грчкиот остров Тасос се засилени со пожарникари од повеќе делови на Грција, а во справувањето со огнената стихија, помага и армијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Големиот пожар е во планински непрооден дел и сè уште не е ставен под контрола, а утрово, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во приморското село Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија.

Според противпожарната служба на Грција, интервенираат 185 пожарникари со 15 пешадиски тима и 38 возила, осум авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, два хеликоптери и три камиони од армијата, а помагаат и пожарникари волонтери, како и цистерни и возила од општините.

Синоќа на островот пристигнаа 69 пожарникари со четири пешадиски тима од северна Грција, денеска пристинаа уште 40 пожарникари, од кои 30 од Атина, а дополнително ќе пристигнат уште 67 пожарникари со 11 возила од други делови на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“