Во Пиреја се очекуваат околу 4.500 бегалци

Од:

Околу 4.500 бегалци денеска ќе пристигнат во пристаништето Пиреја, соопштија грчките власти.

Со фериботот „Сина ѕвезда“ веќе пристигнаа 1.330 бегалци од Митилена и Хиос, „Нисос Родос“ донел 1.372 луѓе од Митилена, Хиос и Самос, а се очекува да пристигне и траектот „Елефтериос Венизелос“ со уште 1.771 бегалци.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека во Грција годинава влегле 770.000 азиланти кои бараат подобар живот во побогатите земји на Европската унија, додека повеќе од 200 се удавиле на пат кон Грција.

Според податоците на УНХЦР, 58 проценти од 768.916 луѓе кои пристигнале во Грција биле мажи, 26 отсто деца и 16 отсто жени. Околу 60 проценти рекле дека се Сиријци.

Речиси сите пристигнале преку грчките острови во источниот дел на Егејското Море со преполни чамци за кои им платиле на шверцери со луѓе од Турција. Овој месец во просек дневно пристигнуваат 3.800 луѓе, во споредба со 4.560 во ноември.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови