Во Пиреја пристигнаа околу 1.500 бегалци

Од:

Три фериботи со 1.480 бегалци денеска пристигнаа во Пиреја, јави дописникот на МИА од Атина.

Со фериботите „Нисос Миконос“ и „Нисос Родос“ присотгнаа 1.127 луѓе од Хиос и Митилена, а со „Тера џет“ уште 354 бегалци од Хиос.

Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос во интервју за телевизијата „Мега“ синоќа изјави дека не се разговара за затворање на границите на ЕУ.

– Земјите мора да ги преземат своите одговорности. Ако падне Шенген, тогаш ќе почне да се урива и целата европска конструкција, наведе Аврамопулос додавајќи дека Грција не е сама во справувањето со кризата со бегалците.

Комесарот рече дека голем број држави ја критикуваат Грција за доцнење во изградбата на приемните пунктови.

– Според обврските на Владата, ќе има заеднички персонал на пет влезни пунктови кој ќе го оценува секој случај посебно и податоците што ќе се соберат ќе се даваат на европските власти за да ги искористат во процесот на релокација. Ако се ова се направеше уште од почетокот, летоска немаше да има инциденти, рече тој и појасни дека Европа ја поддржува Грција.

– Грција се движи брзо во изминатиот период, рече Аврамопулос и потсети дека за четири недели на Самитот на ЕУ, грчката Влада ќе мора да го презентираат она што досега го има направено.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он