Во очекување на изборните резултати во Албанија: Рама се погласен, Бериша се уште молчи

Од:

Додека се уште трае пребројувањето на гласачките ливчиња од  парламентарните избори во Албанија одржани во неделата, лидерот на социјалистите Еди Рама оцени дека на ова гласање победила Албанија.


– За мене лично ова не е триумф на некого против некого, туку тоа е триумф кој со овие избори Албанија ја оддели од историјата на манипулирани и деформирани изборни процеси кои негативно влијаеа врз имиџот на земјата, изјави Рама.


Зборувајќи од седиштето на партијата заедно со секретарот на Социјалистичката интернационала, Луис Ајала, Рама побара од претставниците на десницата во избирачките одбори и комисии да соработуваат со цел успешно завршување на процесот на пребројување.


Високиот претставник на Социјалистичката интернационала им ја честиташе победата на изборите на Рама и на неговиот коалициски партнер Илир Мета, искажувајќи верба дека двајцата заедно ќе создадат нова визија.


– Ова е многу значаен миг за Албанија и за сите социјалисти. Ние сме тука да дадеме подршка на албанските социјалсити, изјави Ајала.


Од друга страна, лидерот на Демократската партија и актуелен премие Сали Бериша иако веќе изминуваат два дена од гласањето, се уште пред го нема искажано неговиот политички став и коментар за изборите.


Според Топ-чанел телевизијата, тој воопшто не влегол во седиштето на партијата, но затоа денеска имал получасовна средба со албанскиот претседател Бујар Нишани.


Инаку, уште вчера опозицијата го повика Бериша да го признае поразот, по што Демократската партија соопшти дека нивниот лидер ставот ќе го каже откако ќе заврши целосно преборјувањето на гласачките ливчиња.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски