Нови Сад се наоѓа на списокот градови кои најмногу конзумираат канабис во Европа, соопшти Европската опсерваторија за дрога и токсикоманија.
-Географски гледано, канабисот најмногу се конзумира во холандските градови, но и во Париз, Атина, Барселона и Нови Сад, стои во годишниот извештај за состојбата во Европа, кој што е претставен во Лисабон.
Кокаинот најмногу се користи во западна Европа, Амстердам, Антверпен, Лондон и Цирих. Амфетамините пак се застапени во северна и северозападна Европа, но се зголемува користењето на други синтетички дроги, како екстази. Во текот на 2013 година беа регистрирани 80 нови видови синтетички или психоактивни супстанци во Европската унија, а до сега има 350 такви опасни производи.
-Загрижувачки е што многу лесно може да се дојде до метамфетамин, кој сега се користи во Грција и Турција, наведоа авторите на оваа студија.
Во извештајот стои дека минатата година се забележани помал број смртни случаи од прекумерна доза на хероин, но затоа е зголемен бројот на смртни случаи од прекумерна доза на психоактивни дроги.
Е. Г.