Во недела парламентарни избори во Турција

Од:

Турците в недела ќе гласаат на парламентарни избори што може да го преобликува политичкиот систем на државата и да одредат иднина за претседателот Реџеп Таип Ердоган чија партија која сака да го измени Уставот, сега се соочува со најголем изборен предизвик по 13 години на власт.

Изборите за новиот 550-член состав на парламентот на кои имаат право на глас 56 милиони Турци се одржуваат во критичен момент во модерната историја на државата, со оглед на неизвесноста која лебди над нејзиниот пат кон ЕУ, способностите да контролира 1.300 км. граница со Сирија и Ирак и иднината на 1,8 милиони сириски бегалци во Турција.

Ердоган посакува да добие дво-третинско мнозинство во парламентот за да го промени Уставот и да го измени парламентарниот систем во претседателски.

Дел анкети укажуваат дека владејачката Партија за правда и развој има далеку помалку од 50 отсто гласови колку што имале во 2011 година и сега се предвидуваат нешто под 40 отсто до максимум 45 отсто гласови за нив.

Ердоган и Давутоглу се во предизборна кампања под слоган – Додека другите зборуваат АКП работи.

Главна неизвесност е и прашањето дали прокурдската Народна демократска партија која заговара либерална социјална политика, може да премине тежок праг од 10 отсто гласови колку што е потребно за да добие места во парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ