Во најновите турски напади загинале близу 400 припадници на ПКК

Од:

Речиси 400 припадници на забранетата Курдска работичка партија (ПКК) загинале, а неколку стотици други се ранети во последниве две недели при воздушни напади на турските сили врз позиции на групата во северен Ирак, јави агенцијата Анадолија.

Според овие извештаи, меѓу загинатите курдски борци се и најмалку четворица лидери на ПКК и 30 жени.

По минатомесечниот напад во турскиот пограничен град Суруч, во кој загинаа З2 лица, за што беше обвинета групата Исламска држава, Турција започна „антитерористичка операција“ во северните делови на Сирија и Ирак. Иако, Турција изврши напади и врз цели на ИД во Сирија, најголем дел од акциите беа насочени против позиции на ПКК во северен Ирак.

На ваквите турски напади, ПКК одговори со прекин на примирјето, што го прогласи на почетокот на 2013 година и со повлекување од мировните преговори со Анкара. По прекинот на примирјето, ПКК изврши неколку напади врз турските безбедносни сили, во што загинаа најмалку 20 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ