Во морето кај Иж пронајдено телото на шефот на задарската Урологија

Од:

Во морето кај хрватскиот остров Иж денеска попладне е пронајдено безживотно тело на маж. Според хрватските медиуми, станува збор за 56-годишниот Томислав Сориќ, долгогодишен раководител на Одделот за урологија во Општата болница Задар и еден од најпознатите лекари во градот.

Според првичните информации, Сориќ околу 16:10 часот скокнал од брод во морето, но не испливал на површината. По приближно пет минути неговото безживотно тело испливало во истиот залив кај островот Иж.

Точните околности под кои настапи смртта засега не се познати. Полицијата спроведува истрага која треба да утврди што точно се случило.

На чело на Одделот за урологија во Задар дојде во 2014 година и во изминатите 12 години раководеше со неговата работа.

Сориќ имаше значајна улога во развојот на лапароскопската и другите форми на минимално инвазивна уролошка хирургија во Задар.

Токму на Одделот за урологија во Задар на 8 октомври 2003 година се изведе првата лапароскопска радикална простатектомија во Хрватска. Со текот на времето, одделот прерасна во центар за уролошка лапароскопија и организираше стручни работилници на кои се едуцираа лекари од бројни хрватски болници.

Во последното големо интервју за „Задарски лист“, Сориќ истакна дека лекарската професија не е само занимање, туку животен повик кој создава трајни односи со пациентите.

Би можело да ве интересира

Историската фактографија може да биде инструмент за манипулација: “Меѓународна филозофска школа“ во Зајечар

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Пријава против мотоциклист, и покажа среден прст на полициска камера – казната е најмалку 700 евра

А1он

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Акција во Србија: Уапсени тројца осомничени за киднапирање и малтретирање на пет странци: Барале 30.000 евра откуп

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија