Кампот за привремено сместување во Идомени е преплавен со околу 4.000 бегалци и емигранти, главно Авганистанци, откако грчката полицијата евакуира стотици луѓе кои ги блокираа железничките шини во близина на грчко-македонската граница, јави дописникот на МИА од Атина.
Грчката полиција соопшти дека во Атина со автобуси се одведени 1.260 Авганистанци „на кои Македонија им забранила влез во земјата“.