Хрватското претпријатие „Хрватски шуми“ воведе такси на излети и користење на велосипедските патеки во природа, како и за берба на шумско овошје, лековите билки и печурки.
Пренесувајќи ја оваа информација, информативниот сајт „Индекс“ цинично забележува дека „во ценовникот единствено недостасува тарифа за наплата на кислород според бројот на вдишувања на свеж воздух“.
Според одлуката на „Хрватски шуми“, еднодневен излет во шума чини 20 куни (2,5 евра) по човек, но има и посебна тарифа за „семејни излети“ од вкупно 40 куни (5 евра).
Возењето велосипед чини 10 куни по човек, а за „семејно возење“ се плаќаат вкупно 20 куни.
За играње пејнтбал во шума тарифата изнесува 250 куни (33 евра) по група, за параглајдинг 50 куни (6,5 евра) по човек, за ориентациско трчање 250 куни по група, а за користење на шумски површини за културни настани ќе се наплаќа по 1.000 куни (132 евра) на ден.
Покрај ова, „Хрватски шуми“ има и тарифник за берење на шумско овошје, чаеви, лековите билки и печурки, за што се воведени дневни, викенд, неделни, месечни и сезонски дозволи, кои се движат до 10 до 100 куни.