Во Хрватска разбиени две мрежи за шверц на луѓе

Од:

На подрачјето на Хрватска се разбиени две мрежи за шверц на луѓе и уапсени се десет лица за кои се сомнева дека во Словенија и во Унгарија илегално префрлиле најмалку 65 турски државјани и притоа заработиле околу 37.000 евра.

Тие се уапсени во рамки на меѓународната полициска акција за сузбивање на криумчарење луѓе која е спроведена под покровителство на Европската полициска канцеларија во 13 европски држави во кои вкупно се уапсени 103 лица.

Во акцијата учествувале вкупно 1.222 полицајци.

Една група уапсени во Хрватска префрлувала турски државјани во Словенија и Унгарија, каде со помош на водич мигрантите пеш или со чамец преминувале преку Мура.

Другата криминална група, како што се наведува, во четири наврати во Словенија префрлила десетина странци.

Странците кои шверцерите ги префрлувале во Словенија и во Унгарија, на подрачјето на Хрватска доаѓале легално, а потоа, плаќале од 500 до 1.000 евра за илегално да се префрлат во земјите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари