Во Грција уапсени шверцери со 4,5 тони лековити билки

Од:

Во Грција се уапсени 15 Албанци кои се обиделе од земјата да прошверцуваат 4,5 тони лековити билки.

Уапсените признале во полиција дека билките ги набрале во јужниот дел на земјата и планирале да ги продадат во Албанија каде се подготвувале да ги пренесат на мазги преку планините во Епир.

Како резултат на преобемното берење, поради кое е загрозен еко системот, во некои делови на Грција од минатата година е забрането берење лековити билки.

Грчките власти по планинските патеки постојано пресретнуваат натоварени мазги кои се издресирани сами, без придружба на луѓе, да ја минуваат границата од двете страни.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија