Во Грција предложени нови мерки против затајување данок

Од:

Грчката влада денеска предложи закон, со кој даночните власти ќе добијат овластување да можат да земаат пари од сметките на лицата обвинети за затајување данок, дури и ако не се осудени.

Предлогот на Министерството за правда ќе се најде пред грчките пратеници во следните неколку недели, а мерки, ако се усвојат, ќе се применуваат на формално обвинети за затајување данок, шверц, перење пари и непријавување на имотот.

Даночните власти ќе имаат пристап до сметките на осомничените и ќе биде во можност за одземање на парите што наводно и припаѓаат. Ако осомничените се ослободат од вината во судот, парите ќе им бидат вратени.

Грција веќе со години се наоѓа во голема финансиска криза, поради која ги намалува трошоците и ги зголемува даноците за да се пополни буџетот. И покрај ветувањата дека ќе го сузбијат масовното даночно затајување, владата не успеа да го реши тој проблем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он