Во Грција потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници

Од:

Во Грција се потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници, два повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Потврдените случаи се мажи од 19 до 59 години, односно просечната возраст е 36 години, а 16 од заразените (32 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Исто така се додава дека во Европа, до 16 август 2022 година, регистрирани се 18.960 случаи на мајмунски сипаници во 43 земји.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

Како што вчера објави МИА, министерот за здравство на Грција Танос Плеврис соопшти дека во вторникот во земјата пристигнале околу 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници, а следната седмица Комисијата за имунизација ќе одржи состанок за начинот и условите за вакцинација.

Паралелно освен вакцините, Грција е во координација со Европската комисија за набавка на 100 терапии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он