Во Грција почнува имунизација со вакцини за новите подваријатни на Омикрон

Од:

Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози.

Во четвртокот се отвори платформата за закажување термин за вакцинација, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, за само еден ден биле закажани 12.185 термини.

Пред 20 дена започна имунизацијата со вакцините наменети за варијантата Омикрон БА.1, а приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми.

Новите вакцини може да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19, а се наменети само за вакцинираните, додека пак оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он