Во Грција од 2013 година отпуштени 500 државни службеници поради лажни документи

Од:

Оценувањето на државните службеници не е поврзано со програмата за мобилност или отпуштања, соопштија извори од Министерството за административна реформа, по состанокот меѓу премиерот Андонис Самарас и министерот Киријакос Мицотакис, јави дописникот на МИА од Атина.

Истите извори велат дека основата на нацрт-законот за евалуација нема да се промени, но оти Министерството работи на предлози кои ќе се разјаснат дека проценките не се поврзани со отпуштања, ниту пак влијаат на скалата на плати или на работата на лицето кое се оценува.

На состанокот се разговарало за построги контроли за лажни сертификати или дипломи поднесени за работни места како придружни документи и за статусот на договорите што требало да бидат привремени, но станале трајни.

Од почетокот на 2013 година, повеќе од 500 државни службеници биле суспендирани или отпуштени од причини кои вклучуваат поднесување лажни документи за да се добие работа или да се преместат на друго работното место, како и за други дисциплински или криминални дела. Од нив, 200 вработени беа отпуштени во 2013 година, и 304 беа отпуштени годинава во периодот од јануари до април.

На состанокот е утврдено дека останува да се исполни целта за отпуштање на 15.000 државни службеници до крајот на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија